– Не сум задоволен од играта и резултатот. Гостинскиот состав заслужено победи, а ние ќе се обидиме да изненадиме на реваншот – рече Срѓан Захариевски по мечот со Карабах во Лигата на Европа и додаде – Наш најголем проблем е тоа што сме тотални аутсајдери во натпревари кои ги играме во Европа.

Како проблем исто така Захариевски ги лоцира раните подготовки кои ги започнуваат екипите за европските мечеви.


Фудбалерите сеуште не се одморени од претходната сезона, а мораат да ги
започнат подготовките за следната. Распоредот мора да се промени и
сезоната да завршува побрзо за фудбалерите да имаат повеќе одмор –
смета Захариевски.

Мх.П.