Кратко, само една рунда траеше авантурата на Ајакс во Лигата на Европа. Шпанскиот состав Гатефе со вкупен резултат 3-2 го „спакува“ холандскиот гигант кој беше еден од потесните фаворити за титулата во најмасовното клупско натпреварување.
Ајакс победи со 2-1, но не ја заврши во целост домашна задача бидејќи во првиот меч во Шпанија изгуби 2-0. Фудбалерите од преградието во Мадрид постигнаа погодок во гости кој им ги отвори вратите за пласман во ТОП 16.
„Црвените ѓаволи“ и „нероазурите“ на дело покажаа зошто до крај ќе важат за фаворити за титулата во Лигата на Европа елиминирајќи ги Клуб Бриж и Лудогорец. Манчестер Јунајтед со три голови во првиот дел го реши противникот, а со два нови погодоци во вторите 45 минути ја запечати убедливата победа (5-0). Избраниците на Оле гунар Солскјер со вкупен резултат 6-1 патуваат во 1/8 финалето. Интер, пак, дозволи мала неизвесност откако бугарите го отворија резултат во 26-та минута. Во 32-та минута, Интер ги доведе во колосек работите со изедначувачкиот погодок, а до крајот на првиот дел го сврте резултатот во своја полза. Во второто полувреме мрежите мируваа, а резултатот отиде во прилог на Интер (4-1).
Резултати:
Ајакс – Гетафе 2-1 (0-2)
Арсенал – Олимпијакос (1-0)
Бенфика – Шахјтор Доњецк 3-3 (1-2)
Селтик – Копенхаген 1-3 (1-1)
Интер – Лудогорец 2-1 (2-0)
Мен Ју – Клуб Бриж 5-0 (1-1)
Салзбург – Ајнтрахт Франкфурт Одложена (1-4)
Севиља – Клуж 0-0 (1-1)
Брага – Глазгов Ренџерс 0-1 (2-3)
OhridNews