Екипата на Краснодар го приреди најголемото изненадување во правата елиминациска фаза во Лигата на Европа поминувајќи го германски Баер Леверкузен, додека Интер и Челси максимално успешно се справија со фаворитската улога на дуелите со Рапид Виена односно Малме.
Краснодар благодарение на правилото во гол гости го отпаднаа Баер Леверкузен. Вториот меч во Германија заврши 1-1, а во првиот екипите ремизираа без голови.
Интер и Челси пред своите гледачи рутински ја завршија работата, почната на првиот меч од 1/16 финалето. „Нероазурите“ со триумф 4-0 го решија Рапид, додека „сините“ постигнаа гол помалку, но сепак беше доволно за убедлив триумф.
Резултати: Баер Леверкузен – Краснодар 1-1 (0-0), Бенфика – Галатасарај 0-0 (2-1), Челси – Малме 3-0 (2-1), Динамо Киев – Олимпијакос 1-0 (2-2), Генк – Славија Прага 1-4 (0-0), Интер – Рапид 4-0 (1-0), Бетис – Рен 1-3 (3-3), Севиља – Лацио 2-0 (1-0)
OhridNews
ЛЕ: Арсенал непогрешлив, Елмас и Фенербахче ја завршија авантурата (видео)