Екипата на Спортинг Лисабон во која настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во првата елиминациска фаза ги завршија натпреварите во Лигата на Европа. Неприминлива пречка за „зелено белите“ беше турскиот клуб Башекшехир кој во двобојот од 1/16 финалето славеше со вкупен резултат 5-4.

Спортинг Лисабон на реваншот во Турција отпатува со предност (3-1) од првиот натпревар. Турците кои приредија вистински пекол на трибините во регуларниот дел успеаја да забележат победа со идентичен резултат и се изборат за продолженија. Во дополнителните 30 минути, домашните фудбалери уште еднаш ја погодија мрежата и приредија голема радост на трибините.

Резултати:

Базел – Апоел Никозија 1-0 (3-0)

Еспањол – Вулверхемптон 3-2 (0-4)

Порто – Баер Леверкузен 1-3 (1-2)

Гент – Рома 1-1 (0-1)

Башекшехир – Спортинг Лисабон 4-1 (1-3)

Ласк  – АЗ Алкмар 2-0 (1-1)

Малме – Волфсбург 0-3 (1-2)

OhridNews