„Штофарите“ од пораз пред своите гледачи се спасуваа во финишот на средбата со погодокот на Генц Исени. Претходно гостите од Ерменија поведоа со голот на Погосјан во 81-та минута и обезбедија „гол во гости“.
Само пет минути го делеа Хоризонт Турново од триумф против Судова на гостински терен. Домаќините го изедначија резултатот во 85-та минута и му ја скратија можноста на турновци да извојуват победа во дебитанскиот натпревар во Европа.
Погодоците за „црвено белите“ ги постигнаа Дејан Блажевски од Зоран Балдовалиев додека за домаќините стрелаа Башиќ и Валскис.
Токму фудбалерите на Турново имаа најизгледни шанси за пласман во наредната рунда од ЛЕ од трите македонски преставници. Металург во вторникот претрпе минимален пораз на домашен терен додека Тетекс на гостински терен ќе брка победа или реми со повеќе од два погодоци.