Екипата на Работнички остана без пласман во групната фаза од Лигата на Европа откако со вкупен резултат (2-1) беше елиминиран од Рубин Казан во последната квалификациона рунда.


Фудбалерите на Рубин ја искористија предноста на домашен терен и поволниот резултат од првиот натпревар победувајќи со минимални 1-0 на реванш мечот.


„Романтичарите“ можат да жалат само за неискористената прилика, но можат слободно да одат со исправени глави за гордото преставување на македонскиот фудбал во Европа.

Ohridnews