Натпреварите од петтата рунда во Лигата на Европа можат да го одмотаат клопчето во повеќето групи во кои постои се уште неизвесност и борба за првите две позиции на табелата.

Еден таков меч и предизвик имаат македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Наполи. „Азурите“, вечерва, гостуваат во Холандија кај тимот на Аз Алкмар. На „наполитанците“ им одговара и реми, но со победа ќе обезбедат европска пролет и мирна завршница на групната фаза.

Црвена Ѕвезда во петтото коло од Лигата на Европа силите ќе ги одмери со германскиот бундеслигаш Хофенхајм. „Црвено белите“ иако обезбедија пласман во нокаут фазата ќе имаат императив за победа, затоа што во првиот меч во Германија изгубија со 2-0. Мечот во Белград се игра во 18:55 часот.

  • Двојки:

Група А: Клуж – ЦСКА Софија, Рома – Јанг Бојс

Група Б: Арсенал – Рапид Виена, Молде – Дундалк

Група Ц: Ница – Леверкузен, Славија Прага – Хапоел Беер Шева

Група Д: Бенфика – Лех Позњан, Глазгов Ренџес – Стандард Лиеж

Група Е: Гранада – ПСВ Ајндховен, Омонија Никозија – ПАОК

Група Ф: АЗ Алкмар – Наполи, Реал Сосиедад – Ријека

Група Г: АЕК – Брага, Зорија – Лестер

Група Х: Милан – Селтик, Лил – Спарта Прага

Група И: Карабах – Макаби Тел Авив, Сиваспор – Виљареал

Група Ј: ЛАСК – Тотенхем, Антверпт – Лудогорец

Група К: ЦСКА Москва – Волфсбергер, Феенорд – Динамо Загреб

Група Л: Црвена Ѕвезда – Хофенхајм, Гент – Слован Либерец

OhridNews