Мега дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Милан на „Олд Трафорд“ е најпривлечна пресметка во 1/8 финалето од Лигата на Европа.
Двете екипи со шампионско педигре ќе истрчаат на „Олд Трафорд“ без најголемите ѕвезди, но со големи амбиции во најмасовното клупско натпреварување. Во составот на „црвените ѓаволи“ ќе недостасуваат Погба, Де Хеа, Рашфорд, Кавани и Мата додека „росонерите“ во Манчестер отпатуваа без Ибрахимовиќ, Чаланоглу, Ребиќ, Манџукиќ и Малдини. Мечот се игра во 18:55 часот.
Хрватскиот клуб Динамо Загреб во 1/8 финалето ќе го предизвика англискиот премиерлигаш Тотенхем. Македонските фудбалери во дресот на „модрите“, Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе имаат сериозна задача да се надигруваат со Хари Кејн, Герет Бејл и Хонг сон Мин. Натпреварот се игра во 21 часот.
- Двојки:
Ајакс – Јанг Бојс (18:55ч)
Динамо Киев – Виљареал
Манчестер Јунајтед – Милан
Славија Прага – Глазгов Ренџерс
Гранада – Молде (21ч)
Олимпијакос – Арсенал
Рома – Шахтјор Доњецк
Тотенхем – Динамо Загреб
OhridNews