Стандардниот фудбалер во А селекцијата, Стефан Ристовски запиша една асистенција во триумфот на Спортинг Лисабон (3-1) над турскиот Истанбул Башекшехир во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лигата на Европа.
Ристовски асистираше за Андраз Спорар кој во 44-та минута погоди за 2-0. Претходно, за 1-0 реализираше Коатеш, а за 3-0 стрелаше Вието. Гостите погодок кој ги остави во игра го постигнаа во 77-та минута преку Висча од белата точка.
Шпанскиот Гетафе приреди најголемо изненадување совладувајќи го Ајакс со 2-0, додека Интер обезбеди голема предност после гостинската победа 2-0 против Лудогорец.
Резултати:
Клуж – Севиља 1-1
Клуб Бриж – Мен Ју 1-1
Ајнтрахт Франкфурт – Салзбург 4-1
Копенхаген – Селтик 1-1
Гетафе – Ајакс 2-0
Лудогорец – Интер 0-2
Шахтјор Доњецк – Бенфика 2-1
Спортинг Лисабон – Истанбул Башекшехир 3-1
OhridNews