Вечерва, во 18:55 односно 21 часот ќе се одиграат реванш натпревари во 1/16 финалето во Лигата на Европа. Најмасовното клупско натпреварување во Европа секогаш знае да понуди добар и допадлив фудбал, исполнет со многу голови и возбудувања.

Елиминациските мечеви се посебни во европските натпреварување. Влогот е голем, а екипите даваат се од себе да победат и поминат во следната фаза. Една од поинтересните пресметки е средбата помеѓу Милан и Црвена Ѕвезда. Првиот меч во Белград заврши 2-2, што значи дека сите карти се отворени. Било каква победа го носи Милан или Црвена Ѕвезда во 1/8 финалето. Реми 0-0 и 1-1 оди во прилог на Милан. „Црвено белите“ најавуваат надигрување и атак на победа против Милан, кој падна во блага криза последниов период.

Екипата на Наполи во која игра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема право на грешка во реваншот со Гранада. „Азурите“ потфрлија на гостувањето во Шпанија, претрпувајќи пораз 2-0. Затоа, на домашен терен не само што немаат право на грешка, туку треба да бркаат триумф од три погодоци разлика за сигурен пласман во следната рунда.

  • Двојки:

Ајакс – Лил (2-1)

Арсенал – Бенфика (1-1)

Хофенхајм – Молде (3-3)

Наполи – Гранада (0-2)

Глазгов Ренџерс – Антверп 4-3

Шахтјор Доњецк – Макаби Тел Авив (2-0)

Виљареал – Салсбург (2-0)

Милан – Црвена Ѕвезда (2-2)

Рома – Брага (2-0)

Баер Леверкузен – Јанг Бојс (3-4)

Клуб Бриж – Динамо Киев (1-1)

Динамо Загреб – Краснодар (3-2)

Лестер – Славија Прага (0-0)

Манчестер Јунајтед – Реал Сосиедад (4-0)

ПСВ – Олимпијакос (2-4)

Во заградите се резултатите од првите мечеви.

OhridNews