Освојувачот на Купот на Македонија, Ренова со победа од 4-0 на гостувањето против Либертас го завери пласманот во второто коло од Лигата на Европа.

Гол шоуто за “гипсарите“ го започна капитенот Нухиу, продолжи Јанчевски со два погодоци во серија, а “покерот“ во мрежата на Либертас го комплетираше Исмаили во финишот на мечот.

Противник на Ренова во втората рунда е белорускиот тим Гомел кој во првото коло го декласираше Викингур. “Гипсарите“ првиот меч го играат на домашен терен.

Мх.П.