Екипата на Шкупи ремизираше (3-3) а може да жали за пропуштената шанса за победа на гостувањето кај Пјуник во првата фаза од квалификациите за пласман во Лигата на Европа.
Шкупи губеше 1-0, но со фантастична игра во продолжение успеа да направи комплетен пресврт и поведе со 3-1. Резултатот го изедначи Муарем Бајрами, за 2-1 погоди дефанзивецот Дарко Илиески а на 3-1 зголеми Бајрами со вториот погодокот на мечот. Во финишот, домашните фудбалери го искористија заморот во македонскиот состав и стигнаа до егал 3-3, кој ги остави во игра за пласман понатаму.
На реваншот кој ќе се одигра во Скопје за недела дена на Шкупи ќе му одговара и реми, но просторот за тага за пропуштената прилика е голем и може многу скапо да го чини.
OhridNews