Единствениот преостанат македонски преставник во Лига Европа, екипата на Шкендија одигра 0-0 во Азербејџан против Нефчи, во првиот натпревар од второто квалификациско коло.


Шкендија во Азербејџан беше подобар противник, но добрата игра не ја материјализира со постигнат гол.

Репрезентативецот Марјан Радески во осмата минута ја имаше најдобрата шанса на мечот, но наместо мрежата го погоди дирекот од голот на Сантини.


Реваншот, во Скопје, ќе се одигра за една недела.

OhridNews