Екипата на Шкендија ја продолжува европската авантура откако преку азербејџанскиот тим Нефчи избори пласман во третото коло во Лига Европа. По ремито без голови во Азербејџан, Шкендија во реваншот во Скопје славеше со 1-0.


Бесрат Ибраими во 31.минута го постигна единствениот гол, по акцијата во која учествуваа Благојче одорвски и Марјан Радески.

Шкендија и во вториот меч против азербејџанците покажа дека е поквалитетен тим, иако и фудбалерите на Нефчи, во второто полувреме имаа свои шанси за постигнување на гол. 

Триумфот на Шкендија можеше да биде и поубедлив, но напаѓачите во последните десет минути не реализираа неколку чисти шанси. 


Нефчи мечот го заврши со играч помалку, бидејќи поради два жолти картони во 70.минута црвен картон доби македонскиот репрезентативец Шиков.

Противник на Шкендија во третото коло ќе биде Млада Болселав, екипа од Чешка. Првиот меч на програмата е на 28.јули во Скопје.

Фото: Екипа
OhridNews