Тетовските „црвени црни“ единствено од трите македонски преставници ја преживеаја втората квалификациска рунда во Лигата на Европа и продолжуваат со настапите во второто по ранг натпреварување на стариот континент.


Европското патешествие при првата пречка го завршија Работнички и Силекс кои немаа одоговор за Будуќност односно Вадуз.

Шкендија победата во Скопје (2-0) над Краковија ја одбрани со уште една нова овој пат минимална победа (2-1) во Полска за моќен пласман во следната рунда.

Силекс, пак, со водечкиот гол на капитенот Мицков во 31-та минута долго време имаше активен резултат и погодок го делеше за пласман понатаму.

Гостите од Лихтештајн во финишот мечот го свртеа резултатот постигнувајќи два погодоци и со вкупни 5-2 го елиминираа трикратниот македонски шампион.

Претходно, Работнички претрпе пораз од Будуќност кој ги скрши надежите на „романтичарите“ за долго и топло лето.

OhridNews