Екипите на Севиља и Шахтјор Доњецк обезбедија пласман во топ 4 и ги фомираа полуфиналните двојки на завршниот турнир во Лигата на Европа. Шпанците во 1/2 финалето силите ќе ги одмерат со Манчестер Јунајтед додека украинскиот состав ќе го предизвика Интер.
Севиља во четвртфиналната средба со минимални 1-0 го совлада англискиот премиерлигаш Вулверхемптон. Андолузијците погодокот за победа го постигнаа во 88-та минута преку Окампс. „Волците“ на стартот од мечот не успеаја да реализираат удар од белата точка.
Шахтјор Доњецк полесно од очекувањата се справи со швајцарски Базел. Избраниците на после 20 минути игра имаа водство од 2-0. Во продолжението од натпреварот, Шахтјор постигна уште два погодоци а Базел во финишот со почесен погодок го ублажи поразот.
Полуфиналињата ќе се одиграат на 16 и 17 август.
OhridNews