Екипата на Севиља е првиот патник во втората фаза од нокаут мечевите во Лигата на Европа, откако со вкупен резултат (3-0) го елиминираше италијанскиот калчолигаш Лацио.
Фудбалерите на Севиља покажаа дека се мајстори за елиминациска фаза елиминирајќи го Лацио без примен погодок и без поголеми проблеми. Петкратниот освојувач на титулата во најмасовното клупско натпреварување со победата од 2-0 пред своите гледачи го капитализираше минималниот триумф (1-0) во Рим пред недела дена.
Преостанатите натпревари 1/16 финалето ќе се одиграат утре (четврток) во стандардните два термини 18:55 и 21 часот.
OhridNews