Ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на Европа на мегдан ги однесе Манчестер Јунајтед и Милан, кои се два најтрофејни и најѕвучни клубови во второто по ранг натпреварување на стариот континент.
Прв домаќин на супер дерби пресметката ќе биде составот на Манчестер Јунајтед, а во реваншот домаќин ќе биде Милан.
Единствените македонски претставници Аријан Адеми и Стефан Ристовски со својот Динамо Загреб силите ќе ги одмерат со англискиот премиерлигаш Тотенхем.
- Двојки 1/8 финале:
Ајакс – Јанг Бојс
Динамо Киев – Виљареал
Рома – Шахтјор Доњецк
Олимпијакос – Арсенал
Динамо Загреб – Тотенхем
Манчестер Јунајтед – Милан
Славија Прага – Глазгов Ренџерс
Гранада – Молде
OhridNews