Македонскиот освојувач на купот, Ренова со високи 4-0 го совлада аматерскиот тим на Либертас во првото коло од квалификациите за Лигата Европа.
Херој на “гипсарите“ беше играчот од средниот ред Бајрами кој со хет-трик ја потврди “сино-белата“ доминација.
Бајарми погоди два пати од белата точка во 10 и 14 минута, а хет- трикот го комплетираше во 83 минута. “Покерот“ во гостинската мрежа го надополни Исмаили.
Реваншот кој ќе биде чиста формалност се игра за седум дена. Противник на Ренова ќе биде подобриот од двомечот (Викингур (Фарски острови)/Гомељ (Белорусија)