Македонските преставници во фудбалската Лига Европа, Ренова и Металург, ќе ги одиграат првите натпревари од второто коло, во второто според квалитет натпреварување на УЕФА.
Актуелнот освојувач на македонскиот Куп, Ренова, на стадионот на Башкими во Куманово, за противник ќе го има белорускиот Гомел.
Ова екипа во шампионатот на Белорусија се наоѓа на третото место, со седум бодови и два натпревари помалку од лидерот БАТЕ Борисов.
Гомел ќе биде вистински тест за можностите на Ренова, со оглед ан тоа што во првото коло „гипсарите“ имаа само полесен трениг во двомечот против Либертас од Сан Марино.
Натпреварот Ренова-Гомел ќе започне во 17 часот.
Металург за разлика од Ренова првиот меч ќе го одигра на гостински терен. Играчите на тренерот Ѓорѓи Христов не блескаа во првото коло против Биркиркара, малтешкиот тим го минаа благодарение правилото гол во гости. Двете средби со Биркиркара завршија нерешено 2:2 и 0:0.
Металург во Полска во првиот меч ќе му гостува на Рух Хорзов, екипа која во минатогодишното првенство на оваа земја го освои второто место со само бод помалку од шампионот Салск Вроцлав.
Пресметката помеѓу Рух Хорзов и Металург ќе стартува во 19 часот.
Покрај натпреварите во кои ќе играат Ренова и Металург, во Лига Европа ширум Стариот континент ќе се одиграат уште 37 натпревари
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com