Вицепрвакот Металург и во петтиот обид не успеа да триумфира на меч од европските купови. “Зелените“ на гостувањето во Малта кај Биркиркара одиграа без победник 2-2.

Избраниците на Христов со голот на Несторовски во втората минута одлично го започнаа мечот. Домаќините во 53-та минута преку Жорге го изедначија резултат.

После две минути Металург ја враќа предноста, а стрелец на голот е Чурлинов. Одбраната на “зелените“ потклекна во 87-та минута, кога Мифсуд ги постави конечните 2-2.

Реванш натпреварите од првото коло во Лигата на Европа се играат за една седмица.

Мх.П.