Вицепрвакот во македонскиот шампионат Металург
претрпе минимален пораз 1-0 на првиот натпревар од двомечот со
азербеџанскиот Карабах во Лигата на Европа.

Фудбалерите
на Металург во десеттиот натпревар во Лигата на Европа не успеаја да ја
извојуваат првата победа, а гостинскиот состав им го нанесе шестиот
пораз на „зелената армија“.

Човек на одлука беше бразилскиот
интернационалец Реиналдо, кој во 64-та минута го постигна победничкиот
погодок и широко ги отвори вратите за пласман во следната фаза на
Карабах.

Тетекс и Хоризон Турново своите натпревари против Пјуник односно Судова во Лигата на Европа ќе ги одиграа в четрток.

Мх.П.