Уефа ги одреди можните противници на македонските евро преставници во третото квалификациско коло од Лигата Европа.


Доколку го мине ерменскиот Мика, Работнички може да го добие џек-потот, т.о. англискиот гигант Ливерпул. Во оваа прва група, покрај Ливерпул можни противници се Оденсе, потоа подобриот од дуелит Судува (ЛТВ) – Рапид (АУТ), Маритимо (ПОР) – Спротинг Фингал (ИРС) и Вит (ГРУ) – Баник Острва (ЧЕШ).

Победа на мечот со Вентспилс, на Тетекс може да му донесе двомеч со најтрофејниот италијански клуб Јувентус. Покрај Јуве, можни противници се ЦСКА Софија, Темишвар (РОМ), како и подобрите од дуелите Рејкјавик (ИСЛ) – Карпати (УКР) или Елфсборг (ШВЕ) и Искра Стали (МОЛ).

Ждребката за третото коло е попладнево во 13.30 часот во седиштето на УЕФА во Нион.

М.П.