Најдобриот македонски европски преставник Работнички забележа огромна победа со 2-0 на гостувањето кај Анторзис во Кипар, во првиот натпревар од третото квалифкациско коло во Лигата Европа.


Романтичарите одолеваа на нападите на домаќините,  се до средината на вториот дел кога во 71 минута преку Петровиќ ја изненадија домашната екипа. Водството го дуплираше Велковски во 82 минута од мечот.

Во реванш мечот кој се игра на 4 август во Скопје, “романтичарите“ ќе влезат со огромна позитива која едноставно мора да ја сочуваат.

М.П.