Францускиот првак Пари Сент Жермен освои три драгоцени бодови на дуелот со Ливерпул, победувајќи го англискиот состав со 2-1 во петтата рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Триуфмот во дерби средбата им донесе двојна причина за радост на „светците“. Избраниците на Томаш Тухел им се реваншираа на „црвените“ за поразот од Енфилд и обезбедија пласман во ТОП 16 на едно коло пред крајот на групната фаза.

ПСЖ после 13-ет минути игра поведе со голот на Хуан Бернат, кој најдобро се снајде во казнетиот простор. Во 37-та минута Нејмар зголеми на 2-0. Бразилецот беше на вистинско место после одбраната на Алисон Бекер на ударот од Кавани. Надежите за поволен резултат во Парис ги врати Џејмс Милнер, кој прецизно биеше од белата точка во 45 минута. Во второто полувреме мрежите мируваа, а домашните фудбалери ја зачуваа предноста и забележаа значајна победа.

Во преостанатиот меч во групата Ц, Наполи со 3-1 ја совлада Црвена Ѕвезда. „Азурите“ во последната рунда гостуваат на „Енфилд“ во меч да се биде или не за двете екипи.

Групата А доби нови лидер. Атлетико Мадрид со 2-0 славеше против Монако, а Борусија Дортмунд неочекувано ремизираше без голови пред своите гледачи со Клуб Бриж. „Јорганџиите“ во последната рунда со триумф ќе го заверат првото место во групата.

Во групата Б, Барселона ја оправда улогата на фаворит на гостување кај ПСВ, совладувајќи го со 2-1. Каталонците со победата го осигураа првото место во групата, додека Тотенхем ги врати надежите за второто место победувајќи го Интер со 1-0. Во последната рунда двете екипи ќе влезат со ист број на бодови, но Интер на домашен игра со ПСВ, а Тотенхем гостува на Ноу Камп.

Сите дилеми околу патниците во нокаут фазата се разрешени во групата Д. Порто, како првопласиран патува во ТОП 16, а Шалке од втората позиција. Неизвсност ќе има само за позицијата број три која води во Лигата на Европа.

Резултати:

Група А: Атлетико Мадрид – Монако 2-0, Борусија Дортмунд – Клуб Бриж0-0

Табела: Атлетико Мадрид 12, Борусија Дортмунд 10, Клуб Бриж 5, Монако 1

 

Група Б: ПСВ – Барселона 1-2, Тотенхем – Интер 1-0

Табела: Барселона 13, Тотенхем 7, Интер 7, ПСВ 1

 

Група Ц: ПСЖ – Ливерпул 2-1, Наполи – Црвена Ѕвезда 3-1

Табела: Наполи 9, ПСЖ 8, Ливерпул 6, Црвена Ѕвезда 4

 

Група Д: Локомотив Москва – Галатасарај 2-0, Порто – Шалке 3-1

Табела: Порто 13, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив Москва 3

OhridNews