Еден од трите преставници на Македонија во Лига на Европа, Шкендија неславно ја заврши европската прошетка. Портдаун на реванш мечот од првото квалификациско коло забележа победа 2-1 и се пласираше во наредната фаза. Првиот меч одигран во Куманово заврши без победник и без голови 0-0.
Шкендија одлично го отвори мечот со голот на дефанзивецот Цуцули во 4-та минута. Во 54-та Леки го изедначи резултатот додека голот вреден пласман во втората фаза за Портдаун го постигна Редман во 80-та минута.
Металург и Ренова своите натпреварите против Биркиркара односно Либертас ги играат в четврток.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com