Протагоностите од последното финале во Купот на Македонија, Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров не успеаја да обезбедат поволен резултат после првите натпревари во квалификациите за влез во фазата по групи во Лигата на Европа. „Академците“ изгубија на домашен терен од Зрински 3-0, додека „лавовите“ претрпеа пораз 3-1 од Алашкерт.

Академија Пандев многу лошо го отвори натпреварот и после 30 минути игра имаше негатива 2-0. Во вториот дел гостите не само што ја задржаа предноста, туку ја зголеми со нов трет погодок во мрежата на струмичани. На Академија Пандев ќе и треба чудо во реваншот да ја надополни негативата и да помине понатаму.

„Лавовите“ и покрај поразот покажаа заби и наговестија борба во реваншот кој ќе се одигра во Скопје. Домаќините поведоа со 1-0, но македонскиот состав израмни. Во второто полувреме Алашкерт постигна два голови, а Македонија ЃП немаше соодветен одговор и претрпе пораз.

Тимот на Шкупи единствено извлече позитивен резултат ремизирајќи 3-3 со екипата на Пјуник. „Сините“ можат да жалат и за победата, бидејќи имаа два погодоци предност во 80-та минута.

Реваншите се играат следниот четврток.

OhridNews
Фото: Гол.мк

ЛЕ: Шкупи прокоцка победа на гостувањето кај Пјуник (видео)