Екипата на Ренова претрпе минимален пораз (1-0) од Дачија на „Филип Втори“ во првиот натпревар од првата рунда во квалификациите за Лигата на Европа.


Гостите од Молдавија мрежата на Ренова ја погодија во 12-та минута. „Гипсарите“ ја имаа иницијативата, но не успеаја да го изрмнат резултатот.

Во реванш натпревар на „гипсарите“ им е потребен идентичен триумф за продолженија или пак победа со гол повеќе за пласман понатаму.

Покрај тимот на Ренова во Лигата на Европа сезонава учествуваат Шкендија и вицешампионот Работнички.

 

Фото : Екипа.мк
Ohridnews