Вториот македонски преставник во Лигата Европа, скопски Металург претпре висок пораз со 4-1 (2-0) на гостувањето во Баку, кај Карабак.
Домаќините резултатот го отворија во 26 минута од белата точка преку Садјгов, на истекот на првиот дел на 2-0 зголеми Исмаилов. Азербејџанскиот тим во 51 минута остана со играч помалку на теренот откако Тели заработи црвен картон.
Но од исклучувањето наместо да профитираат “зелените“ , профитираа домаќините кои на пет минути пред крајот со голот на Имамалиев зголемија на 3-0. Уште два подгодоци имаше во судиското надополнување, прво Адамиа зголеми на 4-0, додека Симоновски гo постигна почесниот погодок за Металург.
Металург кој дебитираше на евросцената ќе има можност да го поправи впечатокот за седум дена кога се игра реваншот во Скопје.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com