Екипата на Арсенал лошо помина на гостувањето кај Рен претрпувајќи пораз 3-1, додека првиот дуел од осминафиналето во Лигата на Европа помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Интер заврши без голови и без победник (0-0).
„Топчиите“ ќе имаат тешка задача на реваншот на Емирати за недела дена, откако изгубија од Рен во првиот натпревар. Арсенал поведе со 1-0, но застана, а домаќините максимално го искористија падот на гостите од Лондон и со три голови го свртеа резултатот во своја полза.
Интер релативно извлече поволен резултат од гостувањето во Германија ремизирајќи без голови со Франкфурт. Многу работи ќе беа поразлични, ако Марсело Брозовиќ во погодок го претвореше ударот од белата точка во 22-та минута од натпреварот. На реваншот „нероазурите“ било каква победа ги води понатаму, а истото важи и за гостите.
Резултати: Динамо Загреб – Бенфика 1-0, Ајнтрахт Франкфурт – Интер 0-0, Рен – Арсенал 3-1, Севиља – Славија Прага 2-2, Зенит – Виљареал 1-3.
OhridNews