Горан Попов и Динамо Киев на домашен терен против Брага ќе ги отворат четвртфиналните пресметки од Лигата на Европа. Тимот на македонскиот репрезентативец во претходната рунда го елиминираше Манчестер Сити.
– Со елиминацијата на Манчестер сити сите се уверивме во нашите способности и сега играчите имаат многу поголема самодоверба. Затоа вечерва предвид доаѓа само триумф и ништо друго. Во првите 15 минути ќе влеземе агресивно, што значи дека и јас ќе имам повеќе офанзивни задачи – вели Попов, кој се надева дека на Динамо ќе му донесе втор пласман во полуфинале по 2009 година, во тогашниот Куп на УЕФА.
Уште две португалски екипи ќе играат во оваа фаза и тие за разлика од Брага ќе настапат на домашен терен. Новиот првак на Португалија, Порто го пречекува Спартак Москва, додека Бенфика во Лисабон е домаќин на ПСВ Ајндховен.
Четвртата четвртфинална двојка од Лигата на Европа ја сочинуваат Виљареал и Твенте.
Почетокот на сите натпревари е во 21 часот и 5 минути.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com