Фудбалерите на Олимпијакос го приредија најголемото изненадување во 1/16 финалето од Лигата на Европа елиминирајќи го Арсенал. Вкупниот резултат во двобојот е 2-2, но грците патуваат понатаму поради сензационалната победа 1-2 на Емирати после дополните триесет минути игра.

Арсенал победи со 1-0 во Грција и реваншот не наговестуваше шокатна елиминација. Но не беше така на теренот. Олимпијакос негативата од првиот натпревар ја надополни на стартот од второто полувреме кога Папе Абу Сисе го отвори резултатот. Со тој исход на семафорот заврши мечот и следуваа продолженија, две по 15 минути. Во првото немаше возбудувања, но затоа во второто имаше од се по нешто. „Топчиите“ преку Обамејанг изедначија на 1-1 и обезбедија резултат кој ги водеше понатаму. Во 119-та минута, Јусуф ел Араби го најде патот до противничката мрежа и погоди за ново водство. Во следниот напад, Обамејанг промаши зицер позиција и не успеа да го извлече Арсенал од пораз и срамна елиминација.

Првата фаза во нокаут мечевите ќе се комплетира со дуелот Салзбург – Ајнтрахт Франкфурд кој не се одигра во предвидениот термин поради лошите временски услови во Австрија.

OhridNews