Со голот на охриѓанецот Кире Маркоски во 112 минута македонскиот фудбалски мохиканец Работнички извлече реми 1-1 и со севкупни 2-1 го елиминираше турскиот Трабзон.
Домаќините поведеоа во 56 минута со голот на Јокусу. Неколку минути подоцна поради втор жолт картон исклучување заработи Трајчески. “Романтичарите“ и со играч помлаку ги издржаа налетите на домаќините, а преку Алтипармакоски во финишот на мечот ја погодија и гредата. Мечот замина во продолженија, а Работнички не се предаде.
Точка на храбрата игра стави Маркоски со погодокот со глава во 112 минута.
Работнички ќе игра во 4 последно квалификациско коло од мечевите за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Противникот ќе биде познат во петок.