Со мечевите од последното 6.коло во УЕФА Евролигата завршува првата фаза од најмасовното натпреварување во Европа. Пред историска можност да изборат фудбалска пролет се “модрите“ кои на Максимир го пречекуваа грчки ПАОК.


Ова е најголемиот натпревар во мојата кариера, историски натпревар.  Јас сум капитен и ќе нема поубаво чувство од тоа за мене ако се пласираме во следната рунда – вели капитенот на “модрите”, Милан Бадељ.

Некогашниот првак на Италија, Наполи само победа го води во елиминациската фаза. Пред него исправен стои романската Стеауа. –  Очекувам полн стадион, маестрална игра од моите фудбалери и победа. Немаме право на кикс, само трите бода се во игра – рече тренерот на Наполи, Валтер Маѕари.

Двојки:
ГРУПА Д:
Динамо З. – ПАОК, Бриж – Вилјареал.
Табела: Вилјареал 9, ПАОК 8, Динамо З, 7, Бриж 3 бода.

ГРУПА Е:
АЗ Алкмар – БАТЕ Б., Динамо К. – Шериф.
Табела: Динамо К. 10, БАТЕ Б. 10, АЗ Алкмар 4, Шериф 4 бода.

ГРУПА Ф:
Спарта П. – ЦСКА М., Лозана – Палермо.
Табела: ЦСКА М. 15, Спарта П. 8, Палермо 4, Лозана 1 бод.

ГРУПА Ј:
 Карпати – ПСЖ, Севилја – Дортмунд.
Табела: ПСЖ 11, Севилја 9, Дортмунд 8, Карпати 0 бодови.

ГРУПА К:
Наполи – Стеауа, Ливерпул – Утрехт.
Табела: Ливерпул 9, Стеауа 6, Наполи 4, Утрехт 4 бода.

ГРУПА Л:
Бешикташ – Рапид, Порто – ЦСКА С.
Табела: Порто 13, Бешикташ 10, Рапид 3, ЦСКА М. 3 бода.