Вечерва, на „Сан Сиро“ во Милано, екипите на Милан и Манчестер Јунајтед ќе го одиграат реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Европа.
„Росонерите“ во пресрет на дуелот со „црвените ѓаволи“ имаа блага предност, поради ремито со гол постигнат во гости (1-1) и домашниот терен. Сепак, вечерва, натпреварот е да се биде или не за двете екипи.
Формата на Милан е во надолна линија, додека англичаните играат променливо, но голем плус за нив ќе биде враќањето на неколку повредени фудбалери. Вечерва за Милан се очекува да настапи Златан Ибрахимовиќ, додека во стартната постава кај Манчестер Јунајтед се очекува Пол Погба.
Дуелот во Милано заедно со уште три мечеви се играат во 21 часот, а претходно има четири мечеви во 18:55 часот.
- Двојки:
Арсенал – Олимпијакос (3-1)
Динамо Загреб – Тотенхем (0-2)
Молде – Гранада (0-2)
Шахтјор Доњецк – Рома (0-3)
Милан – Манчестер Јунајтед (1-1)
Глазгов Ренџерс – Славија Прага (1-1)
Виљареал – Динамо Киев (2-0)
Јанг Бојс – Ајакс (0-3)
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews