Најугледниот француски дневник Ле Монд се извини поради лапсусот со кој ги помеша името на поранешната сопруга на францускиот претседател Николас Саркози со презимето на сегашната.
Во еден од своите текстови во понеделникот Ле Монд ја прекрсти Карла Бруни Саркози во Сесилија Бруни Саркози. Можеби лапсусот не ќе предизвикаше толкаво внимание ако Сесилија не беше името на поранешната сопруга од која се Саркози се разведе неколку месеци пред да се венча со Карла Бруни.
Ле Монд најискрено и се извини на сегашната прва дама на Франција, шефот на државата, неговата поранешна сопруга Сесилија и на сите читатели. Извинувањето е објавено на првата страна на весникот.