Без победник 1-1 (0-0) заврши дерби средбата на „Олд Трафорд“, помеѓу Манчестер Јунајтед и Милан, во првата рунда од 1/8 финалето во Лигата на Европа.

„Росонерите“ реми со гол во гости извлекоа во судиското продолжение. Џокер на гостите од Милано беше Симон Кјаер, кој со глава ја погоди мрежата на домаќините во еден од последните напади на натпреварот. Претходно, за водство на „црвените ѓаволи“ погоди Амад Диало.

Капитални победи во првите мечеви од 1/8 финалето обезбедија Рома и Арсенал, кои славеа против Шахтјор Доњецк 3-0 односно Олимпијакос 3-1. „Волчицата“ славеше на домашен терен, додека Арсенал со победничка песна се враќа од Грција.

  • Резултати:

Ајакс – Јанг Бојс 3-0

Динамо Киев – Виљареал 0-2

Манчестер Јунајтед – Милан 1-1

Славија Прага – Глазгов Ренџерс 1-1

Гранада – Молде 2-0

Олимпијакос – Арсенал 1-3

Рома – Шахтјор Доњецк 3-0

Тотенхем – Динамо Загреб 2-0

OhridNews