Четврток, во европскиот клупски фудбал е резервиран за натпреварите од Лигата на Европа. На најмасовното клупско натпреварување во Европа на програмата се елиминациските мечеви во 1/16 финалето.

Дербито на колото помеѓу Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед се игра на неутрален терен во Торино. Шпанците посакуваат триумф и позитивен резултат во пресрет на реваншот на „Олд Трафорд“, додека „црвените ѓаволи“ во Лигата Европа гледаат шанса за трофеј и спас на сезоната.

Во фокусот на јавност ќе биде и мечот во Белград каде Црвена Ѕвезда силите ќе ги одмери со италијанскиот гигант Милан. „Црвено белите“ најавуваат борба да последен здив, исто како и од таборот на Милан, кој после подолг период дочекува европска пролет.

Денешната програма ја отвораат Динамо Киев – Клуб Бриж со дуелот во 16:55 часот, а останатите термини се 18:55 односно 21 часот.

  • Двојки:

Динамо Киев – Клуб Бриж (16:55 часот)

Краснодар – Динамо Загреб (18:55ч)

Црвена Ѕвезда – Милан

Олимпијакос – ПСВ Ајндховен

Реал Сосиедад – Манчестер Јунајтед

Брага – Рома

Славија Прага – Лестер

Волфсбергер – Тотенхем

Јанг Бојс – Баер Леверкузен

Бенфика – Арсенал (21ч)

Гранада – Наполи

Лил – Ајакс

Макаби Тел Авив – Шахтјор Доњецк

Молде – Хофенхајм

Ројал Антверп – Глазгов Ренџерс

Салсбург – Виљареал

OhridNews