Клупските обврски на стариот континент ќе се комплетираат со реванш натпреварите во 1/16 финалето во Лигата на Европа. Дел од возвратните мечеви ќе привлечат големо внимание, поради атрактивноста на ривалите и отворениот резултат.
Интересно треба да биде на „Драгао“ стадионот во Порто, каде домаќинот ќе се судри со германскиот Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ победија со 2-1 во првиот натпревар, но сите карти се отворени.
Тешка задача ќе имаат фудбалерите на Спортинг Лисабон да ја задржат предноста (3-1) од првиот меч на гостувањето кај Башекшехир во Турција. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски одигра солиден натпревар во првата средба запишувајќи асистенција зад своето име.
Жална слика ќе има во Милано. Интер пред празен стадион поради мерките преземени поради корона вирусот ќе го пречека Лудогорец. Средбата треба да биде чиста формалност, затоа што „нероазурите“ со 2-0 славеа во Бугарија.
Реванш натпреварите во 1/16 финалето во Лигата на Европа, ги најави Глазгов Ренџерс кој со нова победа овој пат 1-0 ја елиминираше португалска Брага. Шкотите во првиот меч славеа со 3-2.
Двојки:
Базел – Апоел Никозија (3-0)
Еспањол – Вулверхемптон (0-4)
Порто – Баер Леверкузен (1-2)
Гент – Рома (0-1)
Башекшехир – Спортинг Лисабон (1-3)
Ласк – АЗ Алкмар (1-1)
Малме – Волфсбург (1-2)
Ајакс – Гетафе (0-2)
Арсенал – Олимпијакос (1-0)
Бенфика – Шахјтор Доњецк (1-2)
Селтик – Копенхаген (1-1)
Интер – Лудогорец (2-0)
Мен Ју – Клуб Бриж (1-1)
Салзбург – Ајнтрахт Франкфурт (1-4)
Севиља – Клуж (1-1)
Брага – Глазгов Ренџерс 0-1 (2-3)
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews