Екипите на Арсенал и Рома забележаа идентични победи 1-0 во првите натпревари од 1/16 финалето во Лигата на Европа. Разликата е што Арсенал победи на гостински терен против Олимпијакос, а Рома на домашен терен во средбата со Гент.
„Топчиите“ погодок за победа го постигнаа преку Александар Лаказет во 81-та минута од натпреварот. Арсенал со овој триумф си ја олесна задачата и на домашен терен во реваншот не треба да изгуби за пласман во 1/8 финалето.
Навивачите на Рома со свирежи ги испратија фудбалерите иако победија со Гент на Олимпико. Навивачите не се задоволни од игрите топло ладно на клубот кој пред две сезони играше во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони. „Волчицата“ на гостувањето во Белгија не смее да си дозволи пораз од два голови разлика, бидејќи револтот ќе стане се поголем и може да предизвика големи промени во Рома.
Резултати:
АПОЕЛ – Базел 0-3
АЗ Алкмар – Ласк 1-1
Баер Леверкузен – Порто 2-1
Олимпијакос – Арсенал 0-1
Глазгов Ренџерс – Брага 3-2
Рома – Гент 1-0
Волфсбург – Малме 2-1
Вулверхемптон – Еспањол 4-0
OhridNews
ЛЕ: Стефан Ристовски асистент во триумфот на Спортинг Лисабон (видео)