Европската куќа на ракометот (ЕХФ) офифијално го промовираше новото натпреварување-Лига на Европа, кое е втор по ранг после Лигата на Шампиони.

Во дебитанската сезона од Лигата на Европа, македонскиот ракомет ќе го претставуваат Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел Скопје. Битолчани поради добриот рејтинг ќе играат директно во фазата по групи додека скопските екипи ќе треба да поминат две квалификациски рунди за влез во групите.

Прва пречка на Металург е хрватскиот клуб Спачва, а Бутел Скопје за ривал го доби тимот на Ѓунѓеш од Унгарија. Металург и Бутел Скопје се благи фаворити во двомечот со противниците, но сето тоа треба да се потврди на теренот на двата натпревари.

OhridNews