Најдобрите тимови во регуларниот дел од сезоната, Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс, со идентични победи од 4:1 го минаа првото коло од плејофот во најсилната кошаркарска лига во светот НБА.
Лејкерс синоќа во петтиот дуел беа подобри од Портланд 131:122. Дејвис имаше 43 поени, а Леброн Џејмс на 36-те поени придодаде и 10 скока и 10 асистенции.
Милвоки во петиот натпревар од првото коло на плејофот го совлада Орландо со 118:104. Јанис Атетокумбо ги предводеше Бакс со 27 поени и 17 скока.
Хјустон рокетс во чии редови по повредата се врати Расел Весбрук, поведе во серијата со Оклахома со 3:2, откако синоќа оствари убедлива победа од 114:80. Најефикасен на мечот беше Харден кој уфрли 31 поен.
НБА плејофот велерва продолжува со три натпревари. Актуелниот шампион Торонто го игра првиот меч од полуфиналето со Бостон, додека битката за пласман понатаму ја продложуваат ЛА Клиперс – Далас (3:2) и Денвер – Јута (3:2).
Г.М.