Неделата исполнета со елитен европски фудбал ќе се заокружи со првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на Европа. Реванш мечевите од Лигата на Шампиони понудија до сега невидена драма, а сега на ред се дуелите од најмасовното клупско натпреварување.
Ждрепката не донесе дерби пресметки, но донесе неколку интересни двомечи. Со оглед на ситуацијата Ајнтрахт Франкфурт – Интер е еден од поинтересните дуели, а тука некаде се Наполи – Салзбург, Зенит – Виљареал и Челси – Динамо Киев.
„Нероазурите“ месец дена топ тема беа поради Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара, а во меѓувреме ги фати резултатска криза. Гостувањето во Франкфурт доаѓа во незгоден момент, но Интер мора да покаже карактер, бидејќи друг начин за излез од кризата нема.
Двојки: Динамо Загреб – Бенфика (18:55ч), Ајнтрахт Франкфурт – Интер, Рен – Арсенал, Севиља – Славија Прага, Зенит – Виљареал, Челси – Динамо Киев (21ч), Наполи – Салзбург, Валенсија – Краснодар.
OhridNews