Потесните фаворити за титулата во Лигата на Европа, Челси и Наполи забележаа идентични победи над своите ривали Динамо Киев односно Салзбург совладувајќи ги со 3-0 пред своите гледачи во првите мечеви од 1/8 финалето.

„Сините“ од Лондон убедливата предност ја обезбедија со головите на Педро, Вилијан и Калум Хадсон, додека италијаните шампионот на Австрија го преслушаа со погодоците на Милик, Фабијан и Жером кој си постигна авто гол.

Домашниот терен го искористи и Валенсија која со 2-1 славеше над Краснодар.

Резултати: Наполи – Салзбург 3-0, Челси – Динамо Киев 3-0, Валенсија – Краснодар 2-1.

OhridNews