Екипата која доаѓа од југоисточниот дел од земјата Хоризонт Турново ја спаси македонската гордост обезбедувајќи пласман во втората рунда во Лигата на Европа.

„Црвено белите“ преку пенал рулетот успеаја дебито во Европа да го зачинат со пласман во следната фаза и дуел со хрватскиот гигант Хајдук од Сплит.

По гостинските 2-2, на „Филип Втори“ арената Судова и Турново го повторија резултатот од првиот меч и пеналите одлучуваа која екипа ќе оди понатаму.

Во регуларната серија стрелци беа неуспешни по еднаш, а одлуката падна во шестата серија кога Леимонас промаши, за Турново погоди Стоилов.

Карабах и во вториот натпревар забележа минимална победа над Металург 1-0 и со вкупни 2-0 се пласираше во вториот круг.

Истиот резултат беше кобен и за  освојувачот на Купот на Македонија, Тетекс, кој остана дефицитарен за еден погодок и ги заврши натпреварите во првата фаза.

Мх.П.