Шпанскиот клуб Виљареал е ривал на Динамо Загреб каде што настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски во 1/4 финалето во Лигата на Европа.

Динамо Загреб пласман во топ 8 обезбеди после сензационалната победа над Тотенхем, додека „жолтата подморница“ го елиминираше Динамо Киев.

Манчестер Јунајтед кој е еден од главните фаворити за титулата ќе ги одмери силите со Гранада, а Арсенал со Славија Прага. Најзвучна двојка е парот Ајакс – Рома.

Во 1/2 финалето ќе се сретнат победниците од 1 и 3 односно 2 и 4.

  • Двојки 1/4 финале:

1. Гранада – Манчестер Јунајтед

2. Арсенал – Славија Прага

3. Ајакс – Рома

4. Динамо Загреб – Виљареал

OhridNews