Фудбалерите на Партизан, забележаа голем и значаен триумф во втората рунда од Лигата на Европа совладувајќи ја Астана на гостински терен со 2-1, додека во вториот меч од групата АЗ Алкмар и англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ремизираа без голови.

Творец на првата победа за „црно белите“ во групната фаза беше Умар Садик, кој ги постигна двата погодоци. Домаќините дури во финишот успеаја да постигнат гол и вратат во игра, но немаа сила за уште еден и избегнување на пораз.

Во очаен и не` содржаен меч АЗ Алкмар и Манчестер Јунајтед ги поделија бодовите ремизирајќи 0-0. Холанѓаните се обидуваа и креираа, додека „црвените ѓаволи“ во текот на натпреварот не упатија директен удар кон противничкиот гол и изведоа само еден корнер.

Резултати:

Група Г: Феенорд – Порто 2-0, Јанг Бојс – Глазгов Ренџерс 2-1

Група Х: ЦСКА Москва – Еспањол 0-2, Ференцварош – Лудогорец 0-3

Група И: Александрија – Гент 1-1, Сент Етјен – Волфзбург 1-1

Група Ј: Истанбул Башакшехир – Борусија Менхенгладбах 1-1, Волфсбергер – Рома 1-1

Група К: Бешикташ – Вулверхемптон 0-1, Брага – Слован Братислава 2-2

Група Л: Астана – Партизан 1-2, АЗ Алкмар – Мен Ју 0-0

OhridNews