Хоризонт Турново ремизираше 1-1 против Хајдук и сосевкупни 2-3 е елиминиран од понатмошните натрепварувања во Лигата на Европа. Кобен при елиминацијата на македонскиот преставник беше поразот од 2-1 во првиот меч одигран на Пољуд.
Гостите први дојдоа во предност по киксот на потесната одбрана на домаќините и тоа преку Цакташ. Надежта кај домашниот состав ја врати Сашко Пандев кој во 70.минута го изненади Калиниќ, за 1-1.
До крајот на мечот најдобриот поединец кај “турновци“ Дејан Блажевски имаше неколку можности да го одведе мечот во продолженија но не успеа по втор пат на мечот да го совлата голманот на “белите“.