Кошаркарите на Црвена Ѕвезда претрпеа нов пораз во европската кошаркарска елита, откако изгубија на гостувањето кај минхенски Баерн со 71-59, по четвртини 18-14, 15-17, 22-20, 16-8.
„Црвено белите“ одиграа катастрофално во последната четвртина во која постигнаа само осум поени и им дозволија лесен триумф на „баварците“. Во трите периоди претходно, домаќините водеа, но никогаш не се одлепија повеќе од шест поени.
Баерн Минхен со триумфот над Црвена Ѕвезда стигна до петтата победа во седмиот меч сезонава, додека белградските кошаркари останаа на две победи.
- Резултати:
Фенербахче – Химки 83-71
Жалгирис – Реал Мадрид 90-93
Баерн Минхен – Црвена Ѕвезда
Панатинаикос – ЦСКА Москва
Валенсија – Милано
OhridNews