Вечерва, речиси пред празни трибини и со големи мерки за претпазливост во стандардните термини 18:55 и 21 часот ќе се одиграат првите мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Европа.
На програмата се шест натпревари, откако дуелите помеѓу Интер – Гетафе и Севиља – Рома се одложени поради голема опасност од ширењето на коронавирусот. На шест средби екипи ќе се борат за резултат кој ќе им овозможи полесен пат до ТОП 8.
Во првиот термин (18:55ч) силите ќе ги одмерат Ајнтрахт Франкфурт – Базел, Истанбул Башакшехир – Копенхаген, ЛАСК – Манчестер Јунајтед додека во вечерниот ќе се сретнат Волфзбург – Шахјтор Доњецк, Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен, Олимпијакос – Вулверхемптон.
Двојки:
(18:55ч) Ајнтрахт Франкфурт – Базел
(18:55ч) Истанбул Башакшехир – Копенхаген
(18:55ч) ЛАСК – Манчестер Јунајтед
(18:55ч) Севиља – Рома одложена
(21:00ч) Интер – Гетафе одложена
(21:00ч) Олимпијакос – Вулверхемптон
(21:00ч) Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен
(21:00ч) Волфзбург – Шахјтор Доњецк
OhridNews